Македонската и светска јавност вчера беше сведок на вистински „грабеж“. Видовме како една лоша арбитража може да уништи еден натпревар. Македонија беше поразена од Холандија со 37-32 за прв пораз на Светското првенство, а во центарот на внимнието се најде двоецот од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен. Секој обид на нашите ракометари да се вратат резултатски беше спречен од нивна страна.
,,Холанѓаните беа екстра брзи, пробавме да влеземе во нивниот ритам. Ние се држевме до 20-та минута, но потоа фокусот ни падна. Во второто полувреме добро отворивме, имавме неколку шанси да се вратиме, но за жал не ни дадоа двајцата судии, па може да се каже дека Македонија загуби од Холандија со помош на Данска. Последните десет минути од првото полувреме беа решавачки , тука го изгубивме нашиот фокус и тука ривалот ја направи клучната разлика.Требаше да го успориме нивниот ритам, да имаме подолг напад, но не успеавме, не прекинуваа постојано. Судискиот критериум беше преригорозен, повеќе судеа на нивна страни, ние имавме многу исклучувања, тие само 4-5, нема за што да зборувам повеќе за судењето”, изјави Митев по натпреварот.