Познато е дека пред неколку години, во таа 2019 година Луис Енрике ја загуби својата малолетна ќерка која почина од најтешката болест. Ксана тогаш имаше само девет години.
Се разбира дека тренерот на ПСЖ тие тешки моменти му се врежани во неговиот живот.
Од нигде никаде, тој вчера на пресот беше прашан од еден новинар како ја одржува мотивацијата во овие години откако ја нема Ксана:
“Се сеќавам на еден момент од Берлин, кога со Барселона ја освоивме Лигата на Шампионите. Тогаш Ксана го вдена знамето на Барса на теренот. Многу би сакал тоа да го направи и со знамето на ПСЖ, барем духовно зошто она веќе не е со нас. Во животот треба да знаеш да се радуваш на убавите моменти, но треба да се обидеш да ги надминеш тешките моменти и несреќите“ посочи Луис Енрике.