Разочарување на „Емирати“: Арсенал не победи ни по водство од 2:0

75

Ново разочарување за навивачите на Арсенал, откако вечерва на домашен терен одиграа 2:2 против екипата на Астон Вила во 22. коло на Премиерлигата. „Топчиите“ повторно се оддалечија од лидерот Ливерпул на 6 бода и меч повеќе, што за Ливерпул е одлична појдовна точка во трката за титулата.

Ниту водството од 2:0 во 55. минута, кое го обезбедија Мартинели и Хаверц, вечерва не му беше доволно на Арсенал, затоа што упорните гости успеаја во кус временски интервал да дојдат до израмнување. Головите на Тилеманс и Воткинс беа доволни за Вила да се спаси од пораз.

Интересно е што Астон Вила погоди за 3:2 во 87. Минута, но голот на Хаверц му беше поништен поради игра со рака. Во 90. минута вистинска драма. Најпрво статива на Микел Мерино и потоа зицер за Тросар и неверојатна интервенција на Емилијано Мартинез.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМЗТ Скопје го доби дербито на „вечните“, драмата во Гевгелија за ТФТ
СледноЧаир убедливо поразен во првиот осминафинален меч со Славија (П)