Струга ТЛ замина за Анталија

150

Екипата на Струга ТЛ замина на подготовки во Анталија. По стартот на истите во домашна атмосфера, Стружани стандардно заминаа во фудбалската „мека“ за овој дел од годината за да го одработат главниот дел од подготовките.

Екипата која што и сезонава е главен претендент за титулата во ПМФЛ шампионатот, немаше преголема активност на трансфер пазарот во овој преоден рок. Реално немаше ниту потреба затоа што тимот одлично функционираше есеноска.

Доведени беа интернационалецот од Сенегал, Папе Фал, како и младинецот Хамза Меметриза.

ПретходноСофиа Гоџа најбрза во Кортина
СледноФИФА дава зелено светло за нова репрезентација, Гренланд влегува во светот на фудбалот