Во супер интересен и докрај неизвесен меч од ова 14.коло во нашата кошаркарска елитна лига, Тиквеш како гостин успеа да го победи Гостивар со 64:65. Малку поени на двете страни, но доволно кавадарчани да слават победа.
Првиот период го добија гостите, но затоа Гостивар и тоа како врати во втората четвртина со 22:13.
Сепак во продолжение од средбата, кошаркарите на Тиквеш подобро се снајдоа и успеаја да слават на крај со 64:65.
Кога сме кај поентерите Глигоријевиќ со 22 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, но и на средбата.