ФИФА дава зелено светло за нова репрезентација, Гренланд влегува во светот на фудбалот

292

Двете последни фудбалски репрезентации кои добија меѓународно признавање односно дозвола за настап на меѓународна сцена, беа Гибралтар и Косово. Сега, тие добиваат наследник што се вели во репрезентацијата на ни помалку ни повеќе туку Гренланд.

Оваа репрезентација долго време е во преговори со ФИФА за признавање на сојузот и добивање право на настап, а очигледно сега повеќе административни пречки за такво нешто нема.

Спортскиот бренд „Хумел“ веќе ги изготви и дресовите со навионалните бои на Гренланд, земја која што е 80% покриена со снег и мраз.

Сеуште не е познато во која зона ќе се натпреварува оваа репрезентација. Неколку пријателски мечеви Гренланд веќе одигра.

 

ПретходноСтруга ТЛ замина за Анталија
СледноМиовски наскоро на терен