Крстовски е нов играч на Истанбулспор

354

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Марио Крстовски се сели во Турција. Напаѓачот е нов играч на тимот на Истанбулспор кој што се натпреварува во втората по ранг турска лига.

Крстовски досега беше дел од тимот на Домжале во Словенија, каде што имаше светли моменти односно постигна доста голови. Сепак, позицијата на табелата на тимот во моментов не е сјајна, па очигледно таму доаѓа до целосна реконструкција на тимот.

Па така, Крстовски заврши во Истанбул, во лига каде што настапувале доста наши интернационалци.

Крстовски најголем дел од својата интернационална кариера ја мина во Босна, а во Македонија настапуваше за Хоризонт Турново, Работнички, Академија Пандев, МЃП….

 

ПретходноХоландија ги имаше двете најважни „црни лалиња“ на теренот!
СледноРакометот е во нашата „ДНК“: Не можете да ни ги одземете достоинството и гордоста!