Македонскиот репрезентативец и интернационалец Бојан Миовски наскоро ќе се врати на терен. Повредата со која што се здоби на почетокот на месец декември е речиси минато, и напаѓачот е пред кам бек.
Тој веќе не ја носи заштитната лонгета на ногата, и е веќе извесен период во сала за кревање товар каде што работи на враќање на мускулатурата на ногата.
Миовски пропушти неколку мечеви на својот тим Џирона кој што патем пак во моментов го игра новиот дуел од Примера колото против екипата на Севиља.