Реал Мадрид вчера успеа да ја победи Селта со 5:2 и тоа по продолженијата и да се пласира во 1/4 финалето во “Копа дел Рејк“. Факт е дека имаше судиски грешки, беше суден пенал за Селта, но најмалку уште еднаш требаше да има казнет удар за гостит. По мечот јавноста во Шпанија се “запали“, се разбира таа што е анти – Реал, а да не говориме за тоа како реагираа од таборот на Селта кои се посочија дека се гневни на судењето.
Свој коментар имаше и Диего Симеоне, стратегот на Атлетико Мадрид кој како едвај да чекаше на денешниот прес прашање за судењето вчера на “Сантијаго Бернабеу“ па си кажа:
“Зарем вие сте изненадени? Па тоа тие го прават 100 години. Искрено јас не го гледав натпреварот, но ми кажаа што се случувало. Зарем навистина вие сте изненадени?“ беше коментарот на Аргентинецот.