Ракометарките на Чаир се убедливо поразени во првиот меч од осминафиналето на ЕХФ Купот кој се играше во Скопје против екипата на Славија Прага. Екипата на Славија славеше со 31:20.
И вториот меч меѓу овие два тима ќе се одигра во Скопје (утре од 18 часот), па останува да се види дали Чаир во реваншот може да понуди нешто повеќе.
Кај екипата на Чаир Дукоска и Гулицоска постигнаа по пет гола, додека кај Славија, Мишова постигна 8 гола, додека македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска постигна 3 погодока.