Јувентус му се реваншираше на Милан за поразот во Суперкупот

65

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Милан со 2:0 во дерби дуелот од 21. коло на италијанската Серија А. Избраниците на Тиаго Мота остварија триумф над големиот ривал, што беше своевидна одмазда за неодамнешниот пораз во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.

Тоа беше и прв пораз на новиот тренер на „росонерите“ Консеисао, откако на крајот од годината седна на клупата на Милан.

Головите за победа на Јуве стигнаа во вториот дел. Во 59. минута Самуел Ембангула, откако го мина Гонзалес со мала помош од одбраната на Милан, успеа да му донесе водство на Јувентус од 1:0. Конечните 2:0 беа дело на Веа пет минути подоцна.

ПретходноИгдир го промовира и Валон Етеми! (ФОТО)
СледноМЗТ Скопје го доби дербито на „вечните“, драмата во Гевгелија за ТФТ