Артета по ремито: Не можам да бидам погорд

142

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше по разочарувачкото реми 2-2 против Астон Вила во 22. коло од англиската Премиер-лига.

„Горд сум на тимот и мислам дека тоа беше неверојатен натпревар. Против таков тим, со тоа што го покажаа, по три натпревари во шест дена, со исти играчи, без можност за замени, не можев да бидам погорд. Секако дека сум и многу разочаран од резултатот. Очигледно можеме да се обвинуваме себеси, особено поради дефанзивната позиција што ја покажавме во одреден период. Ако сакаме да бидеме на највисоко ниво, ваквите грешки не можат да бидат дел од нашата игра. Но, освен тоа, што повеќе би можел да побарам од тимот на меч против толку силен противник“, изјави Артета.

По двата загубени бода, „топчиите“ се уште се втори, зад лидерот Ливерпул, кој драматично го одведе мечот против Брентфорд и сега има шест бода на врвот со натпревар помалку.

ПретходноРакометарите по победа за потврда на главната рунда, за сите неправди, за цела Македонија!
СледноТрансфери: Антони во Бетис, Рашфорд можеби во Дортмунд? Нејмар се враќа дома!