Брињоне победи на спустот во Кортина

35

Италијанката Федерика Брињоне триумфираше на патеката Олимпија дел Тофане на денешниот спуст во Кортина д’Ампецо со време 1:21.64 пред Швајцарката Лара Гут-Бехрами (1:22.22) и Корин Зутер (1:22.72).

Еден ден откако беше втора во спуст, Брињоне победи како највозрасна победничка во Светскиот куп и стигна до својата 31. победа, а четврта оваа сезона.

Гут-Бехрами е прва во поредокот за супервелеслалом со 286 бодови, втора е Брињоне со 250, а трета е нејзината сонародничка Софија Гоџа со 196 бодови.

ПретходноОрганизаторите со апел до нашите навивачи: Дојдете порано во сала, ќе има детални проверки
СледноТен Хаг чека отказ на Сахин за да седне на клупата на Борусија (Д)