За разлика од претходните две средби, денеска во Вараждин Арена не може, а да не се примети двојно зголемиот број на лица за обезбедување, но и полиција. Градот домаќин на Светското првенство доби наредба од ИХФ да го зголеми бројот на лица задолжени за безбедноста во салата после дуелот меѓу Холандија и Унгарија.
Се претресуваат и оние кои влегуваат од службениот влез, кој е исто така наменет за официјалните лица, поточно репрезентациите.
Во соопштението на ИХФ стоеше дека трибините позади клупите ќе бидат затворени. Од лице место проверивме, затворени ќе бидат само првите два реда од тој дел од трибините.
Македонските фанови треба да бидат внимателни бидејќи следен инцидент ќе значи дека Македонија ќе игра пред празни трибини.
Дуелот меѓу Македонија и Гвинеја е закажан со почеток во 18 часот, победа значи заверка на главната рунда на СП.