Костоски: Гостувањето во Куманово е едно од најтешките сезонава

102

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со настапите во Првата лига со уште едно тешко гостување, овојпат на теренот на МКК Куманово (18 часот).

Кумановци имаат скор од осум победи и пет порази во досегашниот дел од сезоната, Пелистер има една победа повеќе.
Александар Костоски има искуство од играње во Куманово, а искусниот плејмејкер е свесен дека Пелистер ќе мора да одигра на највисоко бидејќи домашните навивачи ќе создадат одлична атмосфера и ќе им дадат ветер во грб на кошаркарите на Куманово.
„Нема сомнеж дека Куманово е едно од најтешките гостувања оваа сезона, бидејќи клубот иако со ново име сезонава доби сериозен кошаркарски колектив со значителни амбици. Со самото тоа се создава една еуфорија што е уникатна само за тој град, а притоа беше ссоставен и квалитетен ростер, така што сигурно пред нас ќе биде еден исклучително тежок натпревар“, вели Костоски.
Првиот меч меѓу овие два тима во Битола заврши со убедлива предност на Пелистер од 88-74, но тоа беше дуел во кој кумановци импресионираа во првото полувреме, пред се во стартните 10 минути во кои постигнаа дури 30 поени.

„Куманово во Битола можеби го одигра и своето најдобро прво полувреме во досегашниот дел од сезоната, не смееме да им дозволиме нешто слично на нивни терен бидејќи потоа ќе ни биде многу тешко да се вратиме. Затоа, мораме да влеземе максимално мотивирано, да бидеме агресивни во одбраната како во второто полувреме во Битола, бидејќи тоа може да ни го донесене резултатот што го посакуваме. Куманово има добри и искусни играчи, водени од еден од најдобрите тренери во нашата историја, свесни сме дека ќе знаат што сакаат на овој натпревар, ќе мораме д аим одговориме со многу желба, залагање, дисциплина и пред се фокус, ако сакаме до триумф на ова тешко гостување“, порачува Александар Костоски.

ПретходноНајдобриот во историјата го победи Лехечка и си закажа спектакуларно 1/4 финале со Алкараз!
СледноИ со право: Новак лут е на публиката во Мелбурн, одби да даде интервју на теренот! (ВИДЕО)