Во пресрет на денешниот одлучувачки меч со Гвинеја за пласман во втората фаза на СП 2025, со свој став се огласи и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, живко Мукаетов. Тој на социјалните мрежи напиша:
На ова Светско првенство, македонските ракометари, селекторот Лазаров и целиот стручен штаб имаат тешка задача: Да потврдиме уште еднаш дека ние Македонците знаеме и можеме квалитетоно и рамноправно да се носиме рамо до рамо и со најдобрите.
Смената на генерацијата беше тежок и напорен процес, исто како и патот по кој се чекори и во континуитет се гради оваа репрезентација.
После веќе 12 години мандат во РФМ, со задоволство можам да кажам дека оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации.
Да покажеме доблест и достоинство!
За кого? За Македонија!