Априлија ги претстави новиот мотоцикл и новите возачи, Мартин, сепак, ќе вози со бр. 1

105

Во новата сезона, актуелниот шампион во МотоГП, Хорхе Мартин ќе се трка за Априлија. Иако имаше најави дека нема да ја искористи можноста, сепак, како шампион реши следната сезона на својот мотоцикл да го земе бројот 1.

Партнер на Мартин ќе биде Марко Безеки со што Априлија целосно го промени составот на пилотите. Од минатата сезона, Алеш Еспаргаро се повлече од тимот, а Маверик Вињалес се пресели во Tech 3 KTM.

Априлија на официјалната промоција го презентираше новиот мотоцикл пред навивачите и медиумите.

ПретходноТројно норвешко славје на слаломот во Венген
СледноМанчестер Ј. ќе му го „подари“ Антони на Бетис, дури и ќе му ја плаќа платата до јуни