Барселона без Олмо за мечот со Бенфика во ЛШ

101
Барселона ќе остане без Дани Олмо за мечот од претпоследното коло во регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Како што обајваија медиумите, Олмо е повреден.

Барселона објави дека играчот од средниот ред има истегнување на десниот мускул и поради тоа ќе мора да направи неколкудневна пауза. Од каталонскиот клуб појаснија дека Олмо сигурно ќе го пропушти следниот натпревар против Бенфика во Лигата на шампионите на 21 јануари, но потоа треба да се врати во тренажен процес и ќе биде подготвен за следните дуели на Барса.

ПретходноДетално се претресуваат македонските фанови! (ФОТО)
Следно“Кралевите“ покажаа сила против Лас Палмас, сега се на +7 во однос на Барса! И Алаба конечно заигра