Некој ќе рече, ех..Гвинеја! Ама луѓе ова е Светско првенство. Секоја победа, секој гол, секоја одбрана е важна. И затоа честитки за момците на селекторот Лазаров за победата.
Најважно е што Македонија ја “прескокна“ Гвинеја и се пласира во главната рунда. Таму не чекаат Австрија, Катар и Франција.
Во право е Лазаревски кога вели дека оваа вечерашна победа нема да биде последна на Мундијалот. Сите ние веруваме дека можеме уште, можеме до нови успеси во таа следна фаза од Мундијалот.ж
Најважно е што вечерва победивме ама не се потрошивме. Се чуваа силите, тоа е најважно.
И за крај, повторно во Вараждин беше преубаво.
“Фалангата“ одново беше во елемент и знаеше како уште еднаш да им ја даде поддршката на момците на селекторот Кире Лазаров.