Македонската ракометна репрезентација ја запиша првата победа на Светското првенство, ја совлада Гвинеја и се пласираше во главната рунда. Во Вараждин Арена вечерва имаше двојно повеќе обезбедување кое ги претресуваше македонските фанови одземјаќи им лабела, полначи за телефони и слични работи.
Во јавноста се огласи генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој испрати протесна нота потенцирајќи дека во Вараждин и на ова Светско првенство, сите Македонци се дојдени со најпријателски и најспротски намери. Тој вели дека жени и мали дечња биле најгрубо претресувани од нервозните редари.
Ви го пренесуваме целосниот статус на Филип Милошевски.