Македонската ракометна репрезентација се пласираше во главната рунда на Светското првенство, откако вечерва ја победи Гвинеја. ИХФ сосема очекувано направи измени во сатниците на одигрување на натпреварите.
Првиот натпревар Македонија го игра против Австрија со почеток во 15:30 часот. Два дена во истиот термин е дуелот со Катар. Противник на последниот меч од главната рунда е Франција (25 јануари/20:30 часот).
Македонија во главната рунда пренсе еден бод, ќе стартува од петтото место, последна е селекција на Катар, која не пренесува бодови. Франција има максимални 4 бода, Унгарија три, Холандија и Австрија по два.