Македонската ракометна репрезентација обезбеди следна фаза на тековниот Мундијал кој што се одржува во Вараждин, Хрватска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во клучниот дуел, ја совладаа Гвинеја, и со обесбеден еден бод од оваа фаза одат во следната.
Нашата репрезентација има голема поддршка на овој турнир. Популарната Фаланга секогаш ги следи ракометарите, а од Вараждин вечерва доаѓа најпрекрасната можна вест.
Нашиот капитен, Филип Кузмановски пред денешниот натпревар против Гвинеја, обезбедил со сопствени сретства, четириесет билети за навивачи кои го немале скапоценото парче хартија за денешниот меч.
Потег за наклон што се вели, на момчето кое што со години не радува во националниот дрес, а ситурни сме дека тоа ќе го прави уште долги години.