Кирил Лазаров: Треба да бидеме задоволни од победата, благодарам за поддршката што ја добиваме од цела Македонија!

209

Македонија ја оствари првата победа на ова СП и тоа против Гвинеја со 29:20. Со оваа победа нашата ракометна селекција и дефинитивно стави печат на пласман во главната рунда.

Јасно е дека по малку и се штедевме, а тоа по мечот го кажа и селекторот Кирил Лазаров:

Треба да бидеме задоволни, пред се поради победата. Можевме и многу подобро, се виде тоа неискуство кај помладите наши ракометари. Видов дека сме промашиле 20 шута од кои 15 од чисти ситуации. Добро е тоа што успеавме да заштедиме сили. Ги заштедивме Митревски, Пешевски, па и Митев. Да, преземавме и мал ризик, но ја исполнивме целта. Ни треба доста енергија, не очекуваат доста тешки борби. Треба да бидеме среќни и задоволни. Може да говориме многу, пак да се навратам, жалиме за ремито со Унгарија и за сите работи што се случија со Холандија. Го оставаме зад нас тоа. Сега одиме да се подготвиме за тоа што ни следува, со Австрија во вторник. Благодарам за подршката што ја добиваме од цела Македонија“ посочи селекторот.

За тоа што следува, за мечевите во главната рунда, Лазаров истакна:

Ќе се подготвиме, ќе анализираме, ќе им го претставиме тоа на нашите играчи. Видете, ова е доста неискусна и млада репрезентација. Колку тоа ќе го акцептираат за 24 часа и колку тоа ќе го прикажат на следниот меч, тоа е мојата двојба. Тука се нашите навивачи, ги очекувам и во вторник да бидат наш осми играч и тоа се два гола повеќе за разлика од Австрија“ заврши Лазаров.

ПретходноКузмановски: Оваа победа беше награда за напорната работа! Верувавме во себе!
СледноСити броеше до шест на гостувањето кај Ипсвич