“Кралевите“ покажаа сила против Лас Палмас, сега се на +7 во однос на Барса! И Алаба конечно заигра

97

Само ги налутија. Лас Палмас поведе со 0:1 на “Сантијаго Бернабеу“ во 1.минута со голот на Силва.

Сепак нема ништо од најава за било каква сензација. Килијан Мбапе ги презема работите во свои раце или нозе и со гол во 18.минута израмни на 1:1. Диаз во 33.минута му донесе водство на Реал, за да крајот на првиот дел Мбапе уште еднаш стрелаше за 3:1 на пауза. Мбапе постигна уште еден гол но истиот му беше поништен.

Во продолжение од средбата Реал со голот на Родриго во 57.минута го зголеми водството на 4:1 и тука беше крајот на сите дилеми, ако имаше дилеми кој ќе биде победник на овој меч.

Со овие три бода Реал Мадрид сега е лидер на табелата со +2 пред Атлетико и со +7 бода пред Барселона.

Парадокс. Оваа сезона Барса во два меча има скор од 9:2 против Реал а во Ла Лига заостанува седум бодови.

На крајот да споменене дека по 13 месеци Давид Алаба, откако се рехабилитира од повредата, на овој меч ги имаше првите минути. Секако дека Реал во него добива големо засилување во дефанзивата.

ПретходноБарселона без Олмо за мечот со Бенфика во ЛШ
СледноПолувреме: Македонија води со четири гола против Гвинеја!