„Навистина сме среќни за победата во последниот меч, ова беше награда за напорната работа пред првенството. Имавме подготовки на кои се спремавме, одигравме на ниво со Унгарија, беше физички и ментално тешко со Холандија. Видовме што се случи на натпреварот, но јас посочив да ги гледаме нашите грешки и да се спремиме за следната фаза.
Верувавме максимално во нас, сите знаеме колку беше тежок патот до ова првенство.
На баражот со Фарски Острови покажавме како се игра за Македонија. Во иднина, ќе гледаме тактички спремна и борбена Македонија. Мислам дека тоа досега го докажавме и така ќе останеме. За следната фаза се спремаме, немаме време за одмор. Мотивацијата постои кај нас затоа што голема работа е да играш на Светско првенство“, изјави по мечот Кузмановски.