Манчестер Ј. ќе му го „подари“ Антони на Бетис, дури и ќе му ја плаќа платата до јуни

172

Манчестер Јунајтед по секоја цена сака да се „откачи“ од Бразилецот Антони. Последните информациите велат дека крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед би требало да биде позајмен во Бетис, а клубот од Севиља нема да има право да го купи Бразилецот, но нема да му ја плаќа ни платата.

Според „Мундо Депортиво“, „црвените ѓаволи“ ќе продолжат да му плаќаат добар дел од платата на Антони, која изнесува 200.000 фунти месечно, а во договорот за трансфер ќе има клаузула која ќе го казни Бетис доколку Бразилецот не добие соодветна минутажа.

Антони треба да го замени Асан Диао, 19-годишниот Сенегалец, кој се пресели во Комо за 12 милиони евра.

ПретходноАприлија ги претстави новиот мотоцикл и новите возачи, Мартин, сепак, ќе вози со бр. 1
СледноЛазаров го одреди составот, без Митев против Гвинеја!