Нова бламажа на Манчестер Ј., задоцнет финиш на Тотенхем и Саутемптон

88

По два меча без пораз против Ливерпул и Саутемптон, ново разочарување за навивачите на Манчестер Ј. Попладнево на „Олд Трафорд“ избраниците на Рубен Аморим беа „потопени“ од екипата на Брајтон, кој замина со трите бода од ова гостување по победата од 1:3.

Гостите покажаа многу повеќе и сосема заслужено славеа на крајот. Првиот гол за „галебите“ го постигна Митех во 5. минута и го најави изненадувањето. Сепак, со голот од пенал на Бруно Фернандеш до крајот на првиот дел Манчестер Ј. се избори за израмнување.

Иако на стартот на вториот дел очекувавме многу подобар изглед на домаќините, Брајтон беше тој кој креираше шанси и погодуваше. Митома во 60. минута погоди за 1:2, а конечните 1:3 ги постигна Рутер во 76. минута. Ова е веќе 10-ти сезонски пораз за „црвените ѓаволи“.

По пет гола видовме на преостанатите две средби. Евертон и Нотингем Ф. славеа на домашен тере со 3:2 над своите ривали, откако брзо направија предност од по 3:0, а потоа гостите залудно се обидуваа да се вратат.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЛазаров го одреди составот, без Митев против Гвинеја!
СледноШвајцарија славеше против Полска и се пласира во главната рунда