Македонската ракометна репрезентација се пласираше во главната рунда на Светското првенство, а таму патува од третото место во групната фаза. Избраниците на Кирил Лазаров овој Мундијал ќе го завршат на подобра позиција од Мундијалот пред две годни кога беа 27-ми. Теоријата на нашиот предводник дека им е потребно искуство се покажа на дело, тука во Вараждин, но тоа е друга тема. Прв противник на Македонија во главната рунда која исто се игра во Вараждин Арена е Австрија, мечот е закажан за 21-јануари, дали ќе остане во 18 часот ќе биде познато подоцна. Втор противник на „црвено-жолтите“ е Катар, предводен од Веселин Вујовиќ, меч кој се игра за два дена. Додека на последниот меч (25.01) од главната рунда, не чека Франција.