Се што лошо му се случуваше на тимот на Манчестер Сити во изминатиов период очигледно момците на Сити го „извадија“ од себе на денешниов дуел против тимот на Ипсвич. Обезбедија триумф на гостински терен со 0:6, во меч во кој буквално го уништија противникот од првиот до последниот момент.
Во 27. минута Фил Фоден го постигна првиот гол, а потоа следуваше оној на Ковачиќ. До полувреме со вториот гол на Фоден веќе беше 0:3. Доку и Халанд веќе направија 0:5 во 57. минута, а МекЕти во 69. минута ги постави конечните 0:6.
Сити со овој триумф стигна до 38. бода и четврто место, додека пак Ипсвич е на 18. место со 16 бода.