Тен Хаг чека отказ на Сахин за да седне на клупата на Борусија (Д)

46

Борусија (Д) многу скоро ќе добие нов тренер. Сите информации од германија велат дека Нури Сахин ќе добие отказ на тренерското место во Борусија Дортмунд и тоа веже по мечот од Лигата на шампионите против Болоња.

Доколку Шахин добие отказ, Ерик тен Хаг е прв кандидат за негов наследник. Германските медиуми веќе објавија дека тоја е „најсериозен кандидат“ за оваа функција. Ова делумно се должи на фактот што тој моментално е без работа, а во Борусија (Д) ја ценат неговата стручност.

Втора опција е актуелниот тренер на Штутгарт, Себастијан Хенес, кој сепак, же биде скапа опција за „милионерите“, затоа што неговото обештетување би ги чинело најмалку 7 милиони евра.

ПретходноБрињоне победи на спустот во Кортина
СледноЏонов: да бидеме максимално борбени како во претходните две средби