Крилниот офанзивец на Манчестер Јунајтед Антони, барем според шпекулациите на медиумите од Островот и од Шпанија, би можел да оди на позајмица во Бетис. Факт е дека Бразилецот не е многу омилен кај Рубен Аморим па ќе мора да си оди.
Се претпоставува дека голем дел од платата како играч на Бетис, ќе ја исплаќа Јунајтед.
Маркус Рашфорд би можел на крајот да заврши во Бундеслигата и тоа во Дортмунд. За напаѓачот на Јунајтед се поврзуваа повеќе клубови, дури и Барселона, ПСЖ и Наполи, но тој би можел да го засили нападот на “милионерите“ од Дортмунд.
Нејмар се враќа дома? Ова е “бомбата“ која на пренесуваат медиумите во Бразил.
Јасно е дека Сантос ги нема тие пари како клубовите од С. Арабија или Европа, но овој клуб “игра“ на емоции.
Останува да се види колку од ова е вистина и какви се намерите на Нејмар.