Екипата на Шкупи вечерва во меч од 14.коло во нашата елитна кошаркарска лига успеа да слави во локалното дерби против Чаир и тоа со 94:86. Ова е само четврта победа на составот на Шкупи во оваа сезона кој се играше во СРЦ Кале.
Уште на стартот од средбата се покажа дека Шкупи на овој меч има и тоа како намера да ја однесе победата. Првата четвртина ја доби со 31:19.
Чаир се врати во игра во продолжение од средбата, но сепак решавачка беше последната четвртина во која кошаркарите на Шкупи знаеја како да дојдат до победата. Најефикасен на средбата беше Морис со 25 поени и тоа кај поразениот тим, додека кај Шкупи најмногу поени забележа Мохамед, 19.