Откако ИХФ парично ја казни Ракометната федерација на Македонија (10.000 франци) за испадот на „Фалангата“ на крајот на мечот против Холандија му наложи на домаќинот на ова Светско првенство да превземе дополнирелни мерки.
Во Вараждин Арената ќе има дополнително обезбедување, а при влезот на салите ќе се проверуваат сите навивачи детално.
„Фалангата“ денеска нема да може да биде позади клупата ниту на Македонија, ниту на противничкиот табор. Оваа одлука дојде откако Холандија се повлече веднаш по завршување на мечот поради бројните предмети кои летаа на теренот.
Важна информација за македонските навивачи е дека ќе мора да се однесуваат во спортски рамки бидејќи секое однесување спротивно од тоа ќе значи празни трибини во понатамошниот дел на шампионатот.
Македонија денеска игра против Гвинеја и со победа на оваа средба ќе се пласира во главната рунда, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.