Како што и беше најавено. На влезот на салата во Вараждин, пред средбата меѓу Македонија и Гвинеја, детално се претресуваа македонските фанови. Бројот на обезбедување е видливо зголемен после втората средба на македонската репрезентација на Светското првенство, кога нашите навивачи фрлаа со предмети по селекцијата на Холандија.
“Фалангата“ и натаму е во елемент. Секако дека и вечерва ќе им се даде голема поддршка на момците на Кире Лазаров со цел да се победи Гвинеја и да се оствари пласман во главната рунда.
Дуелот е закажан со почеток во 18 часот. Лазаров направи една измена во составот, Марко Митев поради ситна повреда ќе одмара, а својата шанса ќе ја чека Валентин Карасманакис, за кого ова е прво големо натпреварување.