Костески: Мотивирани сме и претпазливи! Најважно е дека имаме поддршка од навивачите!

283

Нема време за тажење по големата неправда која им се случи на македонските ракометари против Холандија и лошата арбитража од страна на данските судии. Нашата репрезентација мора целосно да се сврти кон дуелот со Гвинеја, последен од групната фаза и важен за пласман во слендата рунда.

„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство.

Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји.

Краткото време го искористивме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, изјави Ненад Костески.

Дуелот меѓу Македонија и Гвинеја се игра денеска со почеток во 18 часот.

ПретходноАтланта после продолжение го урна Бостон (ВИДЕО)
СледноФлик разочаран: Ова е незамисливо, овие луѓе треба да останат дома!