По дуелот со Унгарија, на кој што нашиот капитен Филип Кузмановски беше шпрогласен за играч на натпреварот, истото се случи и денеска на дуелот против Гвинеја.
Македонската ракометна репрезентација пред малку ја забележа првата победа на овој Мундијалски турнир, а нашиот капитен како по обичај беше број еден играч во нашиот состав.
Постигна 12 гола, и беше водач во мечот во кој реално имавме резултатска но и играчка контрола во рекот на сите шеесет минути.
Македонија обезбеди пласман во следната фаза, во која што пренесуваме еден бод, од оваа група.