Најдобриот во историјата го победи Лехечка и си закажа спектакуларно 1/4 финале со Алкараз!

175

Новак Ѓоковиќ – Јиржи Лехечка 3:0 во сетови во дуелот од 1/8 финалето на АО. Ова значи дека најдобриот тенисер во историјата си закажа спектакуларно 1/4 финале и тоа против Карлос Алкараз.

Иако Србинот не блескаше утринава во Мелбурн, сепак знаеше што треба да направи за да дојде до нова победа на првиот грен-слем во оваа 2025 година.

Првиот сет Новак го доби со 6:3 во гемови, потоа следуваше вториот кој исто така беше добиен со 6:4. Додека во третиот се играше тај-брејк во кој Новак беше поуспешене за конечни 3:0 во сетови.

Со ова Новак продолжува со својот поход кон 25-тата грен-слем титула во својата кариера.

ПретходноВажно предупредување за македонските навивачи во Вараждин!
СледноКостоски: Гостувањето во Куманово е едно од најтешките сезонава