На првиот меч од денешната програма на СП, во меч од групата А, селекцијата на Швајцарија ја победи Полска со 30:28 и со тоа се избори за пласман во главната рунда. Ова беше директен дуел ако се знае дека и пред да играат Германија и Чешка, “панцерите“ се пласираа понатаму, а сега и Чесите.
Полјаците подобро го отворија мечот, но Швајцарија врати и дојде до водство од 5:4. На пауза се замина со водство од 18:15 за Швајцарија.
Во продолжение од средбата Полска се врати во финишот, дојде и до -1 гол разлика, но сепак на крајот беше поразена и со тоа не успеа да оствари пласман во главната рунда.