Џонов: да бидеме максимално борбени како во претходните две средби

73

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) против Гвенија го игра последниот меч од групната фаза. Избраниците на Кирил Лазаров мора да дојдат до победа доколку сакаат да се пласираат во главната рунда.

Гвинеја која е дебитант на ова натпреварување има два порази, додека пак Македонија има реми и пораз. Нашата репрезентација е фаворит, но нема да го потцени противникот, целта е да се одигра максимално боребно како на претходните дуели.

„За натпреварот со Гвинеја мора да бидеме максимално подготвени, затоа што се посебен вид на репрезентација, немаме играно со таква селекција. Играат поинаков ракомет, треба да не ги потцениме и да бидеме максимално борбени како во претходните две средби за да дојдеме до посакуваната победа. Гвинејците може да бидат непредвидливи во некои потези и ситуации на теренот. Мора да внимаваме и да бидеме сконцентрирани. Атмосферата во која играме не мотивира, се надевам дека сите ќе продолжат да не поддржуваат во истиот стил“, изјави Иван Џонов.

ИХФ не само што ја казни РФМ парично, им наложи во Вараждин да ги претресуваат сите навивачи, а делот над клупите на двата тима да биде испратен, секој следен инцидент ќе значи дека Македонија на трибините нема да ги има своите фанови.

ПретходноТен Хаг чека отказ на Сахин за да седне на клупата на Борусија (Д)
Следно„Фалангата“ влегува во елемент, на плоштадот во Вараждин има полиција (ФОТО+ВИДЕО)