Велиновски се сели во Босна

287

Некогашниот македонски младински репрезентативец Кристијан Велиновски ќе ја продолжи својата кариера во шампионатот на Босна и Херцеговина. Поточно, во тимот на ГОШК Габела.

Досега тој беше дел од тимот на Сумгајт во Азербејџан, а сега продолжува да плови во интернационални води што се вели и се сели во далеку поблиска средина.

Тимот на ГОШК во моментов има проблеми да обезбеди опстанок, па Велиновски доаѓа очигледно како засилување кое ќе помогне во таа насока.

Велиновски е дете на Брегалница, а настапуваше и за екипата на Академија Пандев, денешна Брера.

 

ПретходноДенеска на СП: Словенците преку Исланд до прво место, ракометна класика Шведска – Шпанија
СледноИгор Јаневски си замина од Силекс