Вечерва во меч од 20.коло во Ла Лига, Виљареал на свој терен со 4:0 славеше против Мајорка. Најинтересно беше од 20 до 28 минута кога домашниот состав четири пати стрелаше во мрежата на гостите и со та по брза постапка го реши овој меч.
Коста во 20., Баена во 24., Парехо во 26. и Пино во 28.минута беа стрелците за Виљареал со што освоија три значајни бода со кои сега се наоѓа на 6.место на табелата со 33 бодови. Од друга страна Мајорка остана на тие 30 бодови за тоа седмо место на табелата во Ла Лига каде што и беше во пресрет на овој натпревар.