Во екот на подготовките за летната полусезона во ПМФЛ шампионатот, тимот на Силекс остана без еден од досегашните првотимци. Игор Јаневски го напушта Кратово и на пролет ќе има нов клуб.
Македонскиот младински репрезентативец, со речиси дваесетина настапи за нашите млади селекции е дете на Работнички, а во меѓувреме настапуваше и за екипите на Вардар но и за Њу Старс.
Играчот за врска кој е роден 2004 година, и своето сениорско деби го имаше во тимот на Силекс. За него се заинтересирани неколку прволигаши, а ќе видиме каде ќе го гледаме напролет.