Лазаров за мечот со екс-селекторот: Вујовиќ е интересен лик за јавноста и медиумите! Нека победи подобриот!

1863

Македонската ракометна репрезентација од денеска ќе се подготвува за главната рунда, основната цел за ова Светско првенство. Кирил Лазаров пренесоа бод во новофорираната група во која ќе играат против Австрија на стартот (21.01), Катар (23.01) и Франција (25.01).

Втората средба во главната рунда ќе биде против Веселин Вујовиќ и Катар. Лазаров имаше интересен коментар.

„Вујо е интересен лик за јавноста и за нашите навивачи, има добро минато со Македонија. Мислам дека е голем џентлмен, како што кажав доста интересен за медиумите, очекувам да биде коректен. Нека победи тој што ќе биде подобар“.  

Австрија, првиот противник во главната рунда е силна репрезентација. Лазаров вели дека времето за подготовка е кратко. Она на што треба да се внимава е реализацијата која против Гвинеја не беше перфектна.

„Ќе биде возбудливо против Австрија, ќе се бориме до самиот крај. Немаме многу време, но ќе пробаме да се спремиме, ќе го додадеме нашиот максимум. Австрија е сериозен противник, треба да биеме перфектни за да очекуваме нешто. Мора да работиме на реализацијата бидејќи во еден посериозен меч со ваква реализација ќе биде многу тешко. Мислам дека момците се свесни за тоа и ќе биде подобро“, изјави Лазаров. 

Претходно„Црвено-црните“ во Анталија тренираат со „Ој Вардаре Македонски…“ (ВИДЕО)
СледноДенеска на СП: Словенците преку Исланд до прво место, ракометна класика Шведска – Шпанија