Синер го потврди местото во четвртфиналето на АО

55

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во Мелбурн во осминафиналето го совлада 13-от светски играч Данецот Холгер Руне во четири сета со 6:3, 3:6, 6. :3, 6:2.

Натпреварот траеше три часа и пет минути.

Синер, кој е бранител на трофејот запиша 14 асови, додека Руне освои пет поени директно од сервис. Во четвртфиналето Италијанецотќе игра против победникот од дуелот меѓу осмопласираниот во светот, Австралиецот Алекс де Минор и 42. светски тенисер Американецот Алекс Микелсен.

Уште еден Италијанец е во четвртфиналето, откако утрово и Сонего во четири сета беше подобар од Американецот Тиен.

Кај дамите, Американката Кејс со 2:1 во сетови ја совлада Рибакина од Казахстан, додека Свитолина во два сета беше подобра од Кудерметова за место во четвртфиналето.

ПретходноКарасманакис по дебито: Не можам да опишам колку сум горд што го носам дресот на Македонија
СледноПепе му направи бунт, па Порто го смени тренерот Витор