Челзи се врати на победничките патеки, “волците“ немоќни на „Стемфорд Бриџ“!

51

Конечно. По пауза од пет меча во низа без победа во Премиер-лигата, вечерва Челзи успеа да ја прекине таа серија и да дојде до триумф и тоа со 3:1 против Вулверхемптон.

Сепак не беше баш така лесно како што кажува резултатот.

Челзи успеа да поведе со голот на Адарабијо во 24.минута, сепак во 45+5.минута од првиот дел по катастрофалната грешка на домашниот голман Санчез, Доерти израмни на 1:1 и со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме Челзи беше подобар, поагресивен, па така со головите на Кукуреља во 60. минута и на Мадуеке во 65. минута дојде до 3:1 и успеа да ги освои трите бода.

По оваа победа сега Челзи има 40 бода и се наоѓа на 4.место на табелата во Премиер-лигата.

ПретходноВиљареал со четири гола за осум минути по брза постапка ја реши Мајорка!
СледноНа некогашен селектор на Македонија му е дијагностициран рак?!