Австрија, првиот противник на Македонија во главната рунда остана без уште важен играч

755
Фото: ИХФ/Колектиф

Австрија, првиот противник на македонската ракометна репрезентација во главната рунда на Светското првенство остана без уште еден важен играч. Станува збор за Борис Живковиќ, кој зарботи повреда на рамото. Иако повредата не е сериозна, но тешко дека ќе биде подготвен за дуелот со Македонија кој се игра утре (15:30 часот).

Австрија одамна е без Никола Билик, пред стартот на СП остана без Јанко Божовиќ.

По Живковиќ Австрија остана без најсилното оржује, ракометари што шутираат од надоврешната позиција. На оваа позиција ги има Хутечек, Фримел и Вагнер.

ПретходноАнчелоти на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид
СледноКлинсман: Интер има повеќе шанси да ја освои Лигата на шампионите, отколку Скудетото