Засега нема ништо од трансферот на Џон Дуран од Астон Вила во Вест Хем. Имено вечерва искочи информација дека “чеканите“ испратиле и тоа како допбра понуда од 60 милиони евра, но раководството на Вила истата ја одбила без многу размислување.
Се шпекулира дека тие бараат најмалку 70 милиони евра за својот напаѓач кој со блескавите настапи досега во нападот на Астон Вила оваа сезона во втор план го стави и еден Оли Воткинс.
Колумбецот Џон Дуран на 19 меча оваа сезона во Премиер-лигата успеа да постигне седум голови.