Денеска на СП: Словенците преку Исланд до прво место, ракометна класика Шведска – Шпанија

68

Последниот ден од првата фаза на Светското првенство во ракомет денеска ќе ни ги донесе последните четири меча, од кои ќе ги дознаеме новите шест селекции кои ќе го продолжат натпреварувањето во „главната рунда“.

Навивачите сигурно со голем интерес ќе следат како ќе заврши групата која сеа игра во Арена Загреб, а каде дербито на вечерта ќе го донесат Словенија и Исланд, кои се борат за првото место. Моментално двете селекции имаат по две победи и идентична гол разлика, а нивната средба ќе решава за првото место. Интересен ќе биде и натпреварот меѓу Зеленортските Острови и Куба, кој започнува во 18 часот. Победникот од тој меч во среда станува првиот противник на Хрватска.

Во групата Ф од 18:00 часот Чиле и Јапонија играат натпревар кој носи место во следната фаза, бидејќи и двете селекции моментално немаат бодови. Од 20:30 часот ќе ја гледаме ракометната класика меѓу Шведска и Шпанија, кои се борат за првото место. Шведска во моментов има предност поради подобрата гол-разлика и и е доволен бод за првото место.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:

ГРУПА Ф

18.00 Јапонија – Чиле

20.30 Шведска – Шпанија

ГРУПА Г

18.00 Куба – Зеленортски О.

20.30 Словенија – Исланд

ПретходноЛазаров за мечот со екс-селекторот: Вујовиќ е интересен лик за јавноста и медиумите! Нека победи подобриот!
СледноВелиновски се сели во Босна