Деновиве во јавноста искочи буџетот на Париз, на дебитантот во Евролигата, тим кој и тоа како добро игра во друштво на најсилните екипи во кошаркарска Европа.
А најдобар кошаркар во Париз е нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој просто воодушевува со своите настапи.
Кога сме кај годишниот буџет на Париз тој изнесува 18.850.000 евра од кои пари за плати на играчите одат само 5.625.000 евра.
Што се однесува до “Македонецот“, тој е еден од тројцата најплатени кошаркари во Париз со 450.000 евра годишно, нето.
Со оглед на квалитетите, се чини дека се очекуваше далеку поголема плата, но сепак ова е Париз, дебитант во Евролигата.