Игор Јаневски си замина од Силекс

369

Во екот на подготовките за летната полусезона во ПМФЛ шампионатот, тимот на Силекс остана без еден од досегашните првотимци. Игор Јаневски го напушта Кратово и на пролет ќе има нов клуб.

Македонскиот младински репрезентативец, со речиси дваесетина настапи за нашите млади селекции е дете на Работнички, а во меѓувреме настапуваше и за екипите на Вардар но и за Њу Старс.

Играчот за врска кој е роден 2004 година, и своето сениорско деби го имаше во тимот на Силекс. За него се заинтересирани неколку прволигаши, а ќе видиме каде ќе го гледаме напролет.

 

ПретходноВелиновски се сели во Босна
СледноМалиот Реис Фејзи од Камењане стигна до дресот на Мбапе (ВИДЕО)